среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Џон Иснер најави пензија по УС Опен

Џон Иснер најави пензија по УС Опен

Џон Иснер најави дека УС Опен ќе биде последно натпреварување во неговата професионална кариера. Високиот сервер  реши дека е вистинско време да се повлече од спортот на 38 години, на местото каде што пред 16 години дебитираше на големата сцена.

„Во кариерата на секој спортист доаѓа момент кога велат дека е време да си замине. Моето време дојде. Не беше лесно, но мислам дека ова е најдобриот начин да се оди. Кога го напуштив Универзитетот во Џорџија, не ни сонував дека ќе играм професионален тенис цели 17 години“, рече Иснер.