Граѓанскиот активист и основач на невладината организација „Еко Герила“, Аријанит Џафери во емисијата „Економски магазин“ на Алсат телевизија, за време на дебатата на прашањето за загадувањето на воздухот во Македонија, истакна дека од надлежните институции во последните две години не се превземени никакви мерки за намалување на загадувањето на воздухот.
Тој како единствена мерка која власта ја превземала за намалување на загадувањето на воздухот била пред три години, и дека таа мерка била затворањето на “Југохром“ во Тетово.
– Не гледаме дека во последните две години биле преземени значителни мерки за намалување на загадувањето, иако ако се прошириме на три години, би рекол дека пред три години, би рекол дека пред три години во ноември кога се затвори „Југохром“, тоа беше една мерка за намалување на загадувањето. Но во последните две години не сме виделе ништо поконкретно, на која порадикална мерка кои би влијаела на намалување на загадувањето во посакувано ниво, рече Џафери.
Слушаме, додаде тој, дека има мерки кои се во подготвителна фаза или фаза во процесирање кои ќе се спроведат наскоро, но моментално нема некоја конкретна мерка која би влијаела за намалување на загадувањето на воздухот.