АД ЕСМ соопшти дека во моментот произведува електрична енергија преку двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните кои се користат пред се за системски услуги.
Според компанијата, со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со наведените капацитети.
-ТЕЦ Неготино работеше во периодот додека се изведуваше ремонтот на Блок 1 во РЕК Битола, и со повторното вклучување на Блок 1 во системот, се создадоа услови за исклучување на ТЕЦ Неготино и вршење сервисни и ремонтни активности врз истиот со цел зајакнување на постројката, заради поголема довеерливот за следниот период, кога потрошувачката ќе се зголеми и кога сите капацитети на ЕСМ ќе мора да бидат вклучени, информира ЕСМ. (МИА)