четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Ако СДСМ навремено го завршеше ќе имаше помалку трошоци за Буџетот: Нови 8,2 милиони евра за автопатот Кичево-Охрид

Ако СДСМ навремено го завршеше ќе имаше помалку трошоци за Буџетот: Нови 8,2 милиони евра за автопатот Кичево-Охрид

Над 8,2 милиони евра чини договорот кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија за надзор за докомплетирањето на градежните работи на автопатот од Кичево до Охрид на Коридорот 8.

Милионскиот договор веќе е објавен, а за надзорот Градежниот институт Македонија се здружува со скопската компанија Евро консалтинг.

Милионскиот договор кој Јавното претпријатие за државни патишта го склучило со Градежен институт Македонија, а кој е со рок на траење од 65 месеци или 5 години и пет месеци, 41 месец се за изградба на автопатот, а другите се за надзор во фазата по изградбата. Во делот кога ќе се гради, Јавното претпријатие всушност остава простор од 11 месеци од сега планираните ако евентуално има некои пролонгирања.

За состојбата на автопатот реагираше и Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, постојано или се допроектира нешто, или се прават нови анекси, се зголемува вредноста на чинење на автопатот, се зголемуваат и оние рокови кои што се дадени првични, наместо автопатот да биде готов во 2018-та година се касни до тој степен што најновиот рок даден е 2024-та година или 2025-та година според нови сознанија.

На сето ова темпо и со оваа слаба посветеност на оваа влада, напоменува Ивановски, имаме сериозни сомнежи дека дури и овој најнов даден рок како и претходните рокови нема да биде запазен.

Побрза изведба на автопатот значи и помалку трошоци за Буџетот на Република Македонија, колку за една илустрација ќе наведеме само еден пример во кој што ЈПДП пред 15-тина дена склучил договор за надзор за изведба на автопатот Кичево – Охрид во вредност од нешто над пола милијарда денари. Доколку овој автопат навремено беше завршен од страна на СДСМ овој договор немаше да биде склучен и овие половина милијарда денари ќе беа пренаменети во изградба на некои поквалитетни проекти во инфраструктурата, нагласи Ивановски.