среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Анѓушев призна дека мерките воведени од времето на ВМРО се од голема корист

Анѓушев призна дека мерките воведени од времето на ВМРО се од голема корист

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вчера гостуваше во емисијата „Агенда 35“ каде говореше за приватизација на пазарот за електрична енергија и за економските мерки.

Реалната економија е економија која што треба да биде поддржана. Зошто? Заради тоа што одржлива економија на долг рок може да биде само доколку е резултат на приватни инвестиции на една силна реализација во земјата. Ние не можеме да речеме дека, ние како држава лошо правиме со тоа што го субвенционираме земјоделието или што ја субвенционираме индустријата бидејќи таа треба да се развие. Во Македонија имаме мал пазар ако сакаме да ги развиваме овие сегменти, тие сегменти треба да бидат извозно ориентирани. За да бидат извозно ориентирани тие имаат конкуренција во целиот свет, изјави Анѓушев.