петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Без парно греење дел од населбата Водно

Без парно греење дел од населбата Водно

ЕСМ Дистрибуција на топлина посветено и интензивно работи за решение на прекинот на испорака кај дел од потрошувачите во населбата Водно. Вложуваме максимални напори да се овозможи испорака на топлинска енергија на овие потрошувачи во најбрз можен рок, информираат од ЕСМ.

Дополнително, ЕСМ снабдување со топлина ќе изврши проценка од аспект на ефектите врз потрошувачите и компанијата и ќе ја информира јавноста за сите детали.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.