четврток, 25. април 2024. Вести денес: 0
home Економија

Цената на струјата надмина 430 евра! Кој ќе ги спаси нашите фирми од нов струен удар?

Цената на струјата надмина 430 евра! Кој ќе ги спаси нашите фирми од нов струен удар?

За 13 дена од почетокот на украинската војна цената на струјата на ХУПЕКС (референтна за сите наши компании кои купуваат на отворен пазар) се зголеми повеќе од двојно. Денеска еден мегаватчас (базна цена) чини 436 евра. Пик-цената (највисока цена за час) денеска достигна 463 евра. За испорака денеска на ХУПЕКС по овие цени се истргувани над 70.000 мегаватчасови струја што е еднакво на тоа што го троши Македонија за три-четири дена, пишува Фактор.

Мегаватот струја што на оваа берза во четвртокот на 24 февруари годинава (кога руската армија воено влезе во Украина) се продаваше за 178 евра на тргувањето за достава на 6 март (недела, вчера) чини неверојатни 340,8 евра. Верувале или не во саботата чинеше дури 350,3 евра и тоа е цена за струја што е рекордна и е безмалку двојно повисока од цената на денот кога започа воениот конфликт. И тоа се цени за викенд денови во кои индустријата не работи заради што и побарувачката е ниска. При тоа вредно за истакнување е тоа што во оваа анализа е земена во обзир базната дневна цена постигната во тргувањето на таа берза, а не врвната (пик) цена за денот која секогаш е повисока од базната цена.

Доколку продолжи овој тренд, а за сега не е на повидок мирен исход меѓу Русија и Украина, пазарната цена на струјата за нашите компании во најоптимистичко сценарио нема да се намали, а извесно е дека ќе продолжи да расте. Доколку се интензивира пазарната рефлексија на воените случувања во претстојната пролет не очекува многу тежок економски удар за сите домашни компании (според неофицијални информации). А ги има над 4.000 фирми кои зависат од берзанските цени на струјата. Идниот месец ќе треба да ги платат нивните сметки за струја (за последна третина од февруари и досега првите десет дена од март) кои е извесно дека ќе бидат повисоки до 50 отсто .