Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно се повисоки за 0,2 проценти на месечно ниво, а за 19,6 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во јуни, во споредба со мај 2022, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 0,6 проценти, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,4 проценти.
Во јуни годинава во споредба со јуни лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 16,2 отсто, во Преработувачка индустрија за 19,1 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 32,8 отсто.