сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централен регистар ќе го продолжи рокот за поднесување годишна сметка

Централниот регистар согласно пристигнатите барања, одлучи да излезе во пресрет на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите и да го продолжи рокот за електронско поднесување заклучно со 25.03.2021 година до 24 часот.

-Ваквата одлука за пролонгирање на рокот се носи согласно ситуацијата и мерките од Владата за заштита и превенција од вирусот covid-19, како и поради тоа што голем број од сметководителите се заболени од вирусот и не се во можност да ги запазат законските рокови. Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 од Законот за Трговски друштва, соопштуваат од Централниот регистар.

Заклучно со вчерашниот ден над 90% од обврзниците веќе ја поднеле годишната сметка.