недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Дали владата се откажува од даночната реформа или законите ќе се турка со европско знаменце?

Дали владата се откажува од даночната реформа или законите ќе се турка со европско знаменце?

Даночната реформа повлечена од Собрание, но за брзо повторно ќе се најде пред пратениците.

Од финансии за Канал 5 велат дека Законот за солидарност, измените во ДДВ-то и данокот на добивка се повлечени поради технички причини, но без да прецизираат што конкретно значи тоа.

Бизнисот се сомнева дека овие закони ќе се протуркаат со европското знаменце. Апелираат да не се посегнува по такви инструменти, бидејќи според нив Законот за данок на солидарност ќе донесе штета на бизнисот, ќе ги демотивира странските инвеститори, а владата нема да ја добие посакуваната цел. Ако Владата сака да донесе ваков закон претходно да го консултира бизнисот.

„Многу силно се спротивставуваме на паушалната употреба на европското знаме за носење на закони. Имаме впечаток дека овој механизам се употребува и кога навистина се европски закони, но и кога за тие закони нема општ консензус во државата, па сега се употребува страничен механизам да се злоупотреби целата работа.“ Антони Пешев, потпретседател на Стопанска комора.

„Ако го повлекле и сакаат повторно да го активираат, треба повторно да разговараме и да се изнесат аргументи ..Некој ќе рече ама ММФ препорача, да се е тоа во ред, но ние имаме образложение и за тоа што ќе го изнесеме.“ Бранко Азески, претседател на Стопанска комора.

Законите од даночната реформа беа поднесени во собранието уште минатата година, но заглавија во комисиите, па во меѓувреме на конкретниот закон за данок на солидарност, му истече рокот.

Проценките беа дека само со него во државната каса ќе се слеат 90 милиони евра, а парите требаше да се соберат до крајот на мај. Законот предвидува да бидат опфатени сите фирми со добивка над 10 милиони евра, освен оние кои се основани во 2022та година, а на кои просечниот профит изминатите четири години им надминувал 20%, и за разликата да платат данок од 30 отсто.

извор:kanal5.com.mk