Граѓаните до денес ќе треба да ги потрошат парите кои ги имаат на домашната платежна картичка. Она што ќе остане на картичката до утрешниот ден ќе се врати повторно во државната каса.
Банките испратиле последна информација до Министерството за финансии заклучно со претходната недела на која може да се види дека сите отпечатени картички не стигнале до граѓаните кои ги добија.
Па, така од вкупно отпечатени 333.674 картички, заклучно со 7-ми овој месец, 23.576 граѓани не ја подигнале платежната картичка.
Министерство за финансии
ВКУПНО ОТПЕЧАТЕНИ 333.674 картички
ВКУПНО ПОДИГНАТИ 310.121 картички
ПОТРОШЕНИ ПАРИ 27 милиони евра
Од Министерството за финансии за Алсат појаснуваат дека по завршувањето на денешниот ден ќе се знае колку од картичките биле искористени и колку пари биле потрошени. За нив, неподигнувањето на картичките од страна на граѓаните е од различни причини. Некои се во странство, а некои едноставно одлучиле да не ги подигаат. Граѓаните парите добиени од државата во најголем дел или 89 проценти ги потрошиле за купување производи во маркети, пет проценти во ресторани и сендвичарници, а само три проценти во продавници за текстил и облека. Платежната картичка беше дел од третиот сет на економски мерки за борба против пандемијата, но наиде на рекации во јавноста и економските експерти како темпирана мерка во време кога во земјава се одржуваа изборите.