четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Деспотовски за СТУДИО 10: Домашните компании во индустриските зони ги имаат истите придобивки како странските

Деспотовски за СТУДИО 10: Домашните компании во индустриските зони ги имаат истите придобивки како странските

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ, во СТУДИО 10 на ТВ 24 вели дека оваа Влада донесе закон со кој се изедначија странските и домашните инвеститори во смисла на поволноси и финансиска помош. Од донесувањето на законот се отворени 1000 инвестициски субјекти.

– За жал сите компании во нашата зона се со странски сопственици освен една. Сега имаме договор со голема македнска компанија и тоа треба да испрати порака дека зоните се отворени за сите, вели Деспотовски.

Домашните компании во индустриските зони ќе ги имаат истите придобивки, не само финансиски, туку и инфраструктурни, на што најмногу се жалеа македонските претприемачи, вели Деспотовски.

– Неприфатливо е што компании во 21 век во Визбегово се уште немаат вода. Затоа, државата според одредени параметри ќе овозможи на тој простор да влезе државата која ќе обезбеди инфраструктура и ќе им ги олесни постапките за градење. Мора бизнис барањата да имаат предност во општините оти тие се оние кои го полнат буџетот и вработуваат, вели Деспотовски заклучувајќи дека помалите локални општински индустриски зони ќе можат да влезат под ТИРЗ.