Се почесто граѓаните го осигуруваат своето „постоење“. Покрај полисите кои гарантираат за бизнисот, имотот, автомобилот, патувањето во странство, се почесто се бараат и животни осигурувања. Ова, освен што подразбира многу сериозна работа за осигурителните компании, претпоставува и пред-условува сериозна работа со бројни податоци, со разни позадински процеси, со заштита на лични податоци, со брзо менаџирање и обработка на податоци, со ефективна реакција и на крајот, со задоволни клиенти.
Функционалните обрасци незапирливо се менуваат и влијаат на современите бизнис процеси благодарение на современите дигитални технологии. Новата дигитална ера и технолошката револуција нудат симплификација на процедурите кои се најтежок дел од процесите во овој бизнис. Дигитализацијата ги поедноставува и ги унапредува актуелните решенија, методи и пристапи во осигурителниот бизнис. Потребата од дигитализација е наметната од корпоративниот притисок на големите клиенти во овој бизнис, како и од осигурувањето на семејствата, нивниот имот и живот. Многу од новите технологии наметнуваат нови методи и напредни решенија кои треба да се инкорпорираат во бизнисот.
За среќа, дигиталната трансформација го зафаќа и македонското општество, поконкретно осигурителните компании кои оперираат на македонскиот пазар. Во иднина, тоа ќе значи дека компаниите многу побрзо ќе ги операционализираат постапките за осигурувањето – од вадење полиси, пријавување штети, закажување термин во болница, следење на барање за штета и други процеси. Исто така, намаленото потребно време за оператива на процесите, ќе овозможи зголемување на бројот на клиенти кај компаниите. Нив им е потребна брза дигитализација за да го зголемат бројот на клиенти, односно да ја зголемат премијата во осигурувањето. Дигитализацијата во осигурувањето, благодарение на одредени ИТ компании, во западните земји е нормален процес, каде лицето, без посредство на брокер, самостојно ги извршуваат своите осигурителни активности.
Оваа констатација ја потврдува и Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Softelligence. Компанијата има свое претставништво и во Северна Македонија, каде ќе инвестира милион евра и веќе формира тим. Сопственикот најавува дека ќе се отворат 100 работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Според него, “дигитализацијата го менува работењето на осигурителниот бизнис со тоа што помага да се увидат ризиците кои би се појавиле во осигурувањето, на тој начин да се воспостават правилните процеси на превземање на ризик, како и соодветни дигитални решенија“.
ИТ компаниите и осигурителните организации нудат дигитални продукти, сепак останува предизвикот што е можно поголем број потрошувачи да ги разберат овие производи или услуги за уште повеќе да се зголеми бизнис потенцијалот. Тие треба да работат на објаснување на безбедноста на податоците на граѓаните и немањето можност за нивна злоупотреба. Исто така, сериозна обврска во оваа насока имаат и регулаторните тела, кои треба да ги објаснат бенефитите од користење на дигиталните решенија.
Дел од овие нови дигитални решенија се дел и од усогласувањето на македонското законодавство со ЕУ директивите, што значи директно влијае на процесот на интеграција на македонските граѓани во ЕУ семејството. Тоа претполага и делумна промена на културната матрица на потенцијалните осигуреници кон новиот и модерен начин на осигурување.
Процесот на дигитализација ќе направи финансиски заштеди кај осигурителните компании, доколку воведат современи техничко-технолошки решенија. Тоа ќе придонесе до побрза реализација на процесите, до намалување на трошоците, до зголемување на ефикасноста на вработените, до поголема заштита на податоците. Едноставно, до дигитализација на сите процеси и до задоволни клиенти. Softelligence е една од компаниите кои го овозможуваат и олеснуваат овој процес до среќни клиенти и задоволни вработени во осигурителните компании.
* * *
Softelligence има седиште во Лондон, Обединетото Кралство и има два центри за испорака во Букурешт и Крајова, Романија. Компанијата е основана во 2006 и е рангирана меѓу првите 150 најбрзо растечки технолошки компании во Европа од страна на Financial Times. Softelligence има долготрајни партнерства со Microsoft, Instanda, FintechOS, Databricks и други воспоставени провајдери на технологија и платформи. Сегашни клиенти вклучуваат компании-членки на Erste Group, Vienna Insurance Group, TBI Bank, како осигурителните гиганти Beazley и Howden Group.