Драматичен пад на просечната плата во Република Македонија. За само два месеци просечната плата е намалена за 1592 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесува 24.192 денари, објави Државниот завод за статистика.
Инаку, споредено со јануари 2019, кога платата била 24.517 денари, платата е намалена за 325 денари.
Во споредба пак со месец декември 2018-та година просечната плата е пониска за 1592 денари, односно тогаш изнесувала 25.784 денари.