Министерството за финансии за утре закажа аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.300.000.000 денари односно 21,1 милиони евра.
Неодамна беа објавени и резултатите од реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со месец октомври каде реализацијата е едвај 40 % што преставува историско најниска реализација на капитални инвестиции.
Официјалните информации велат дека се во пад градежништвото и индустријата додека бизнис секторот мака мачи за да опстане. Експертската јавност континуирано алармира на фактот дека градежништвото кое е основна гранка и повлекува многу други во државата е во очаен пад скоро цела година и дека тоа во голема мера влијае на слабиот економски раст.
Исто така голем дел од финансиските институции неколку пати направија надолна корекција на растот на БДП од Светска Банка со ММФ и Европската комисија. Моментално економистите предупредуваат и на глобални негативни влијанија во економијата кои секако дека ќе имаат ефект и на онака слабата македонска економија. Според многу критичари Владата потфрли во економски политики додека долгот енормно расте што според нив ја води државата кон еден опасен пат на економски план.