Република Македонија се соочува со недостиг на струја. На 9 ноември Владата на Македонија прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.
Наместо плански да се набави однапред неколку месеци со фиксна цена и среден рок, ЕСМ денеска повторно купи енергетска енергија за 17.11 и 18.11.2021 година.
Важно за потенцирање е дека Македонија со ова темпо, купување струја од ден за ден плаќа актуелна берзиска цена или дури и поскапо.
Доколку државата продолжи и понатаму да снабдува струја од ден за ден, граѓаните на Република Македонија од месец јануари 2022 година ќе се соочат со превисоки цени за струја.