четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Германија трупа милијарди евра во кеш, подготвувајќи се за можен прекин на електричната енергија

Германија трупа милијарди евра во кеш, подготвувајќи се за можен прекин на електричната енергија

Германија се подготвува за проблеми во плаќањето готовина на граѓаните во случај на прекин на електричната енергија, објави Ројтерс повикувајќи се на четири извори.

Плановите вклучуваат собирање дополнителни милијарди евра во готовина за да и помогне на германската централна банка да се справи со зголемената побарувачка и можните ограничувања на исплатите.

Иако германските власти веруваат дека е малку веројатно затемнување, дискусиите како оваа покажуваат дека тие сериозно ја сфаќаат заканата и се подготвуваат за потенцијални прекини на струја предизвикани од огромните трошоци за енергија или дури и саботажа. Германија со децении се потпира на прифатлива руска енергија и сега се соочува со двоцифрена инфлација и закана од прекини поради недостиг на гориво и електрична енергија.

Пристапот до готовина е особено загрижувачки за Германците, кои ја ценат безбедноста и анонимноста на готовината и ја користат повеќе од другите Европејци. Околу 60 отсто од секојдневните купувања се плаќаат во готово, според една неодамнешна студија на Бундесбанк која покажа дека Германците во просек повлекувале повеќе од 6.600 евра годишно, главно од банкомати.