По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници се одржа денеска.
На продажба беа двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари.