четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Годишно долгот расте побрзо во време на власта на СДСМ, а помал процент се одвојува за капитални инвестиции“

„Годишно долгот расте побрзо во време на власта на СДСМ, а помал процент се одвојува за капитални инвестиции“

ЈАВНИОТ ДОЛГ И КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СЕГА И ТОГАШ!
Јавниот долг на државата во периодот 2006-2016 кога Владата на Македонија ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ се зголеми во апсолутен износ за 2.9 милијарди евра или годишно по 290 милиони евра.
Во тој период голем дел од тие задолжувања одеа за реализација на капитални инвестиции што се потврдува со податокот дека дури 11% од буџетот годишно биле капитални инвестиции.
Денес, јавниот долг за само четири години јавниот долг е зголемен за цели 2.4 милијартди евра или по 600 милиони годишно.
Денес, капитални инвестици речиси и да нема. Од буџетот на државата за капитални инвестиции се одвојуваат скромни 6.5%.
Значи, јавниот долг во време на ВМРО-ДПМНЕ растел по 290 МИЛИОНИ ЕВРА годишно, а во време на СДСМ по 600 МИЛИОНИ ЕВРА годишно.
Капиталните инвестиции во време на ВМРО-ДПМНЕ биле 11% од буџетот, а во време на СДСМ се 6.5% од буџетот.
Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во делот на јавниот долг и капиталните инвестиции.

Фејсбук статус на Комисии за економија на ВМРО-ДПМНЕ