Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2018 година се издадени 219 одобренија за градење, што е за 1.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според експертите ова се алармантни податоци поради фактот дека градежништвото веќе подолго време е во континуиран пад. Ова е тесно поврзано и со катастрофалната реализација на капиталните инвестиции за првите 9 месеци од годината кои изнесуваат 27,4 %.
Економистите велат дека Македонката економија ита кон дното и овие бројки воопшто не и одат во прилог посебно заради фактот дека градежништвото е една од движечките гранки и главен градите на Бруто домашниот производ. Експертите се скептици дека и намалениот раст од 3,2 на 2, 8 % дали ќе биде исполнет а од неодамна излегоа и голем број на финансиски институции кои направија надолна корекција на растот на БДП како ММФ и Светска банка од 3,2 на 1, 6 % раст за 2018.