понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Груевски од Еуромакс Ресоурсис: Одлуката на Владата за Иловица е скандалозна, а неколку министри имаа трагикомичен политички театар

Груевски од Еуромакс Ресоурсис: Одлуката на Владата за Иловица е скандалозна, а неколку министри имаа трагикомичен политички театар

Нашиот приод останува реализација на рудникот, секако опцијата за арбитража е подготвена, но таа ќе биде во крајна нужда, изјави Живко Груевски, директор за комуникации и односи со јавноста во Еуромакс во Дневникот на Сител ТВ на Денот на рударите, а по повод по последното решение на Владата со кое се повлекува претходно донесената одлука за спојување на концесиите.

„Се работи за две концесии кои што треба да се спојат во една целина, затоа што истражувањата покажуваат дека само еден рударски комплекс како една функционално интергирана целина е можно да се направи и со тоа се поставува, со тоа барање за спојување се дефинира. Тоа и судот по втор пат го пресуди, се работи за едно претходно право на концесионерот од кое зависат сите други понатамошни активности кои треба да се преземат. Токму затоа тоа е клучно прашање и нашата правна рашомонијада започнува со доставување на тоа барање во 2016 година за кое дури сега, некаде на четврти јули беше објавена првата одлука на Владата за спојување на концесијата, па беше објавена во Службен весник , потоа се случи тоа што се случи и за мене тоа е скандалозна одлука на Владата. Се направи еден трагикомичен политички театар на неколку од министрите од Владата и се дојде до таа одлука да се повлече таа претходна одлука за спојување, не знам на кој основ. Во секој случај нашите правни експерти поднесоа тужба во законскиот рок“, вели Груевски.

Не сакаме, но ако одиме на Арбитража ќе добиеме, а Македонија ќе треба да плаќа отштета од една милијарда евра, тврди Груевски.

„Фрапиран сум со каква неподнослива леснотија кај нас политичките фактори реагираат на овие информации за арбитражните постапки против државата. Тоа е сериозна опасност, а нашиот арбитражен просец доколку се стартира, доколку ние го стартираме како Еуромакс, а подготвен е веќе подолго време сигурен сум во позитивен исход, затоа што нашите странски експерти за арбитража велат дека ова би бил најлесниот случај што сигурно би го добиле, а зборуваме за вредност од повеќе од една милијарда евра и тоа ќе биде фрапантен износ за државата како отштетни побарувања, и не би сакал да звучи како некоја закана, но реалноста и одговорноста моја должност е да опоменам и на укажам на фактот дека доколку ваквиот случај заврши позитивно за нас на суд, тоа не само што ќе покрене политичка одговорност, туку ќе покрене и друг вид на одговорност на сите вклучени актери во тој процес со носење на одлуки погрешни и незаконски или со неносење одлуки или непостапување на така како што треба“, вели Груевски.

Не е точно дека со влегувањето на Еколог во Еуромакс има политичко судска спрега со влијание на одлуките на Управниот суд, тврди Груевски

„Јас често слушам во изминатиот период како дел од тој вокабулар на хистерија и обвинувањата дека ова била прва пресуда на Управниот суд која ние сме ја добиле веднаш по влегувањето, како што тие велат и за жал ноторна манипулација, на Еколог во Еуромакс.
Апсолутно тоа не е точно затоа што нашите административни процеси почнаа и ние имаме подигнато до сега три, и сега четири процеси. Од тие три процеси на суд, два се веќе завршени со правосилни пресуди во корист на Еуромакс, првата правосилна пресуда во корист на Еуромакс Ресурсис е донесена во 2020 година, тоа значи повеќе од три години пред новиот инвеститор да биде дел од нашата инвестициска групација. Така да тоа е дел од тие манипулации, апсолутно неточни податоци кои што имаат смислено да создаваат таков неред.

Инаку, Еуромакс Рисорсис е проектна компанија регистирана во Ванкувер Канада , што значи подлегнува на сите строги принципи на работа на берзанска компанија. Во мултинационалната структура на капиталот на Еуромакс Рисорсис, се уште водечки инвеститор е Галена ресорс Еквитис, која е под директна контрола на Трафигура , потоа хеч фонд од Њујорк, потоа ЕБОР, која е најголем инститцуинален инвеститот во Македонија. Најновиот инвеститор кој се приклучи на оваа група е Енди групацијата од Холандија, а Еколог е една од компанијата кои припаѓаат на НД групацијата која е успешна компанија. Јас со повеќе од 35 години искуство во меѓународниот бизнис и финансии во дипломатијата и академската активност, имам посебно задоволство и гордост што соработувам со НД групацијата затоа што нивната врска со Македонија е нешто што може да биде само дополнителен квалитет, истакна Груевски во гостувањето на Сител телевизија.