четврток, 4. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

ИМА ЛИ ЛИМИТ СЕГА: Гасот над 2.000 долари

ИМА ЛИ ЛИМИТ СЕГА: Гасот над 2.000 долари

Цената на гасот во Европа утринава порасна на повеќе од 2.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Вкупниот раст на цената на гасот достигна 22,5 отсто, пренесува агенцијата ТАСС.

Во холандскиот центар ТТФ се тргуваше со гас за априлска испорака (фјучерс договори) по цена од 2.011 долари за илјада кубни метри, или 149 евра за мегават час, според актуелниот курс на еврото во однос на доларот.