Државниот завод за статистика измери дека инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти, а цените на мало се зголемени за 4,9 проценти.
Според денеска објавени податоци, трошоците на живот во јули годинава се зголемени за еден процент во споредба со јуни, а цените на мало за 1,6 проценти.
Пораст на трошоците на животот е забележан кај свежото и разладеното овошје за 12,6 проценти, лебот и житата за 3,8 проценти, сирењето и урдата за 1,8 проценти, рибата и морските плодови, млекото за 0,9 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,5 проценти, …..
Пораст е забележан и кај воздухопловниот патнички транспорт, електричната енергија, услугите за сместување, домашните услуги и услугите за домаќинствата, течните горива за домаќинствата, фризерските салони и центрите за разубавување….
Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 4,8 проценти, маслото и маснотиите за 3,6 проценти, жестоките пијалаци за 0,9 проценти,.. (МИА)