недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Исплатени 455.166.587 денари субвенции за поледелски култури

Исплатени 455.166.587 денари субвенции за поледелски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати 455.166.587 денари на сметките на 24.753 корисници.

Како што вели директорот на Агенцијата Никица Бачовски, се работи за исплата на мерката за директни плаќања по обработлива површина со поледелски култури, освен тутунот.

-Исплатени се сите корисници кои ги исполниле условите и стекнале право за користење финансиска подддршка од Мерка 1.1 која ги поддржува следните култури : пченица, јачмен, пченка, ‘рж , овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка ,афион, шекерна репка, памук, анасон, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашак, наут(слануток) и луцерка, информира Бачовски.

Исплатата на директните плаќања за обработливи површини со поледелски култури доаѓа во екот на пролетната сеидба, односно во периодот кога се најпотребни за земјоделците.

-Агенцијата за финансиска поддршка продолжува со своите активности за обезбедување на финансиска поддршка за земјоделците со неселективна исплата на субвенциите која се одвива согласно динамиката на обработка на пристигнатите апликации, истакнува директорот.