недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Јавниот долг изнесува 5,54 милијарди евра, а министерката Ангеловска убедува дека тоа било добро

Јавниот долг изнесува 5,54 милијарди евра, а министерката Ангеловска убедува дека тоа било добро

Јавниот долг во моментов изнесува 5,54 милијарди евра или 48,9 отсто од Домашниот бруто-производ.

Податоците ги објави министерката за финансии Нина Ангеловска, која најави дека до крајот на годинава се предвидува долгот дополнително да се зголеми за уште речиси 600 милиони евра и да достигне 50,4 отсто од БДП.

Таа денес на прес-конференција ја претстави новата алатка за јавен долг на постојната интернет платформа отворени финансии.

Владата на СДСМ ја задолжува Република Македонија во континуитет. Долгот вртоглаво расте, а неговото исплаќање, секако, ќе падне на грбот на македонските граѓани. Наместо да запре со непродуктивни трошоци и задолжувања владата на СДСМ. И тој тренд не престанува.

Еве на пример, за 5 дена односно на 25-ти февруари државата ќе направи дополнително задолжување од 15 милиони евра. Ама министерката ќе ја убедува јавноста дека тоа е добро!

 

Одговарајќи на новинарско прашање како може да се каже дека јавниот долг е стабилизиран кога годинава се предвидува вкупно задолжување од речиси 600 милиони евра, Ангелоска рече дека податоците кои се достапни на јавноста покажуваат дека во последните три години трендот на силен пораст на јавниот долг како процент од БДП е прекинат и дека станува збор за негово стабилизирање, а не за намалување.