среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Каде ќе завршат 67 милиони евра од автопатот Кичево – Охрид?

Каде ќе завршат 67 милиони евра од автопатот Кичево – Охрид?

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на 2 јули 2017 година ја претстави анализата за состојбата на проектот за изградба на автопатот Кичево – Охрид според која, како што рече, работењето на претходната власт предизвикало дополнителен трошок од 120 милиони евра.

Вчера, пак на прес-конференција беше изтакнато дека дополнителните работи на автопатот Кичево – Охрид ќе чинат дополнителни 187 милиони евра.

„Државата од една страна можеше да се случи да не добие пат, да мора да ги врати парите и дополнително да прати сериозни пенали. Другиот пристап беше да се продолжи со градба на патот, меѓутоа претходно да се доведе во технички и финансиски исправна состојба “ – изјави вчера вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Разликата од ланската анализа до изнесените бројки на вчерашната прес-конференција изнесува дополнителни 67 милиони евра.