сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Капиталните инвестиции на катастрофално ниско ниво од едвај 4 % – Владата потфрли во своите ветувања дека ќе има инвестициски бум

Капиталните инвестиции на катастрофално ниско ниво од едвај 4 % – Владата потфрли во своите ветувања дека ќе има инвестициски бум

Капиталните инвестиции се на катастрофално  ниско ниво за месец февруари односно 3, 53 % за 2019 година. Ова се поразителни бројки посебно ако се земе фактот дека Владата ветуваше капитален и инвестициски бум на почетокот на годината и кажуваше дека 2019 ќе биде година на економијата.

Економистите велат дека при ваква катастрофална и очајна реализација на капиталните проекти од едвај 4 % се става под знак прашалник и растот на БДП за 2019 година.  Според експертите реализацијата на капиталните инвестиции е тесно поврзана со растот на градежништвото кое пак е носечки столб на македонскиот  БДП.

Владата минатата година се правдаше за ниската реализација на капиталните инвестиции од реални едвај 50 % што беа најниски во историјата на Република Македонија и исто така за промашените проценки за раст на БДП поради фокусот на Владата за влез во НАТО И ЕУ.

Дополнително Владата  веруваше дека 2019 година ќе биде година на економијата каде ќе има раст и просперитет но според сите економски параметри  состојбата во економијата е алармантна и очајна.