среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

КАТАСТРОФА: Македонија трета во светот според невработеноста на младите, објави „Економист“

КАТАСТРОФА: Македонија трета во светот според невработеноста на младите, објави „Економист“

Поразителна е статистиката која вечерва ја објави еминентниот економски магазин „Економист“, според која нашата земја се наоѓа на третото место во светот според стапката на невработеност на младите луѓе од 15 до 24 години.

Само Јужна Африка со стапка на невработеност кај младите од 52,9 отсто и Босна и Херцеговина со 46,7 отсто се пред Македонија во поразителната статистика која ја објавува „Економист“. Македонија е трета во светот со стапка на невработеност од енормни 44,7 проценти.

До десетото место следат Намибија, Свазиленд, Газа, Либија, Грција, Јордан и Боцвана, кои котираат подобро од Македонија на листата на „Економист“.

Од земјите од регионот, Србија е позиционирана далеку подобро од Македонија, односно е 16 места подобра, на 19-тото место со стапка на невработеност кај младите од 32,1 отсто. Албанија е 21-ва со 31 отсто, Црна Гора 26-та со 29,1 отсто, Хрватска 34-та со 25,5 отсто.

Целата листа можете да ја погледнете ТУКА.