недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Катастрофална реализација на капиталните трошоци – Само 28,16 % заклучно со месец август

Катастрофална реализација на капиталните трошоци – Само 28,16 % заклучно со месец август

Катастрофална реализација на капиталните трошоци продолжува. Имено реализацијата на капиталните инвестиции изнесува   само 28, 16 % заклучно со месец Август односно за 8 месеци од годината.  Ова се официјалните податоци според најновиот извештај од Министерството  за финансии  за извршување  на буџетот.

Експертите предупредуваа за очајно лошата реализација на капиталните трошоци и апелираа до владата да се преземат мерки за подобрување на оваа ставка но очигледно слабата реализација продолжува на штета на економијата.

Инаку, владата ветуваше дека 2019 година ќе биде година на економијата и изградба на инфраструктурни  проекти но ништо од ова не се реализираше. Градежништвото е исто така во пад што е алармантен знак поради фактот што токму градежништвото е една од носечките гранки во македонската економија.

Според експертите  со ваква катастрофална реализација на капиталните проекти и лоши економски параметри тешко дека растот на БДП за 2019 година ќе биде задоволителен.