четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Катастрофални резултати: Растот на економијата намален за 30 проценти

Катастрофални резултати: Растот на економијата намален за 30 проценти

Денес гувернеркара Анита Безовска имаше презентација на Макроекономските проекции за 2018- 2021.

Накратко презентираше дека растот во 2018 се ревидира од 3.2% на 2.3%.

Но, укажа дека овој раст доаѓа исклучиво како резултат на извозот од фирмите во слободните економски зони, и дека голем ризик се јавните инвестиции кои го влечат растот надолу.

Јавните инвестиции се главно инвестициите на државата во патишта, железници, енергетски објекти, и слично.

Со еден збор таа кажа дека политиките на Груевски за привлекувањето на странските директни инвестиции се причина за денешниот раст, но голем ризик се политиките на Заев и Тевдовски.

Малку познато е во јавноста и дека зголемените странски директни инвестиции во Македонија, во најголем дел не се нови инвестиции, туку проширувања, нови фази или нови погони на претходно донесените или договорени странски инвеститори, што главно е реинвестирана добивка.

Од нови странски инвестиции кои не се договорени од претходната влада на Груевски и ВМРО засега се две сендвичари за пилешко месо.