Зоран Заев пред неколку дена најави три нови приватни ветерни паркови во Богданци, Демир Капија и Свети Николе, кои ќе имаат вкупно инсталирана моќност од околу 90 MW, а сите заедно ќе произведуваат просечно годишно околу 300 GWh електрична енергија.
СДС и Заев продолжуваат со доделување на најдобрите локации за ветерни електрани на приватни компании блиски до него, наместо овие ветерни паркови да ги гради државната компанија АД ЕЛЕМ.
Доколку ваквите електрани ги изгради државата, парите од субвенционираната електрична енергија ќе го зголемат капиталот на ЕЛЕМ и државата. Во нашиов случај, повторно по којзнае кој пат, поединци ќе се богатат на грбот на граѓаните, а државните електрани ќе тонат во долгови.
Се поставува прашањето:
Колку пари ќе исцедат од граѓаните приватните ветерни паркови?
Јасно е дека согласно издадените лиценци, сите три ветерни паркови ќе имаат повластена тарифа на цената за откуп на електричната енергија. За енергија добиена од ветер таа изнесува 89 евра за MWh, со што овие централи ќе имаат приход од околу 27 милиони евра годишно. За жал, субвенционираните тарифи ќе ги полнат џеповите на приватните газди, по цена двојно повисока од пазарната.
Сите три ветерни паркови ќе ги оптоварат граѓаните за дополнителни 14 милиони евра годишно. Секое семејство во просек ќе даде по близу 30 евра за новите ветерни електрани за луѓе блиски до СДС и Заев .
Запомнете добро, овојпат не е едно евро за Вицето, ами дополнителни 30 евра од секое семејство, плус 30 евра годишно од секое семејство за приватни производители на ветерна енергија.
Ако СДС го затвори државниот гигант РЕК Битола и го замени со приватни ветерни паркови и фотонапонски централи, како што се пофали Заев пред некој ден, тогаш државата ќе биде на стаклени нозе, а на народот ќе му останат само нови поскапи сметки за електрична енергија.
Народот сака зелена енергија, но не по секоја цена. Не по цена тој да осиромашува, на сметка на богатењето на олигарсите на Заев!
Ова лудило мора да престане!
Да кажеме стоп за новиот „бонбона“ бизнис во енергетиката!!!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ
Фејсбук статус на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ