Хигиеничари на станбен и деловен простор е најбараната професија за вработување. Во бироата за вработување во земјава според нивните податоци се бараат 1.363 хигиеничари.
Меѓу најбараните се и продавачите за кои има објавено огласи за 366 вработувања, шивачите на текстил 220, келнери 193, возачи на такси 192, шивачи 165, општи работници 134, обезбедувачи 120, контролори на шиени и слични производи 99.
Се бараат и 99 програмери, 92 готвачи, 90 магационери, 77 административни службеници, 77 шанкери, 73 касиери, 58 возачи на камиони, 57 бравари, 51 ракувач со машина за пакување, 46 пекари, 44 администратори, 44 ракувачи со машина за печива, 40 работници во висока градба, 38 дистрибутери во малопродажба, 37 градежни работници и 35 помошници кувари.
Слободни работни места според податоците на Бирото за вработување се над 5.000.
Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.516, следи Виница со 511, Кочани со 142, Куманово со 113, Битола со 107, Струмица со 105, Тетово 95…..
Бројот на невработени лица заклучно со јули 2018 година изнесува 95.421. Најмногу има во Скопје 15.836, Тетово 11.469, прилеп 6.820…
Најбројни невработени се оние без образование- 41.628, со непотполно средно образование-13.240, а со завршено средно се 26.584. Невработени со завршен факулет се 11.495, 909 магистри и 33 доктори на науки. (МИА)