среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: За производство на струја не требаат лаги и празни ветувања, туку работа ум и трезвеност

Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: За производство на струја не требаат лаги и празни ветувања, туку работа ум и трезвеност

Интегрален текст од Фејсбук објава на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ:

„ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА НЕ ТРЕБААТ ЛАГИ И ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА, ТУКУ РАБОТА, УМ И ТРЕЗВЕНОСТ
Во изминатите неколку дена македонската јавност е бомбарирана со вести за енергетската „благосостојба“ во државата и фалби за „успешната“ работа на ЕСМ и „зголеменото“ производство на електрична енергија. Бевме сведоци на изјави на генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, Министертот за економија Крешник Бектеши, како и на премиерот Димитар Ковачевски. Речиси сите телевизии и огромен број интернет портали ги пренесоа изјавите на тандемот Васко и Димитар Ковачевски за „зголеменото“ производство на ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и наводните успеси. Во слободното време кога медиумите не пренесуваа за успешната работа на ЕСМ, се пренесуваа информации со пресмешните и наивни препораки за штедење на електрична енергија кои ги предложи Министерот за економија Крешник Бектеши.
После ваквите изјави многу очигледно е дека продолжува да вирее невидениот аматеризам на сите раководни нивоа во енергетиката, па и кај политичарите кои носат одлуки што ги за судбината развојот на енерегтиката кај нас. Загрижувачки е што во ниеден медиум нема новинари кои ги следат енергетските случувања, кои ги разбираат енергетските политики и енергетиката како наука, а уште помалку имаат критички осврт кон изнесените ставови на залутаните „глумци“ во енергетиката.
Во нашиот осврт ќе ги прескокнеме мерките за штедење на Министерот Бектеши, затоа што сметаме дека и децата од основно училиште добро се изнасмеаа на истите. Ова секако е голем плус за Министерот Бектеши, затоа што согласно со изјавата на неговата колешка Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, тој се обиде да предизвика смеа кај децата и позитивни чувства кои се дозволени во согласност со препораките на Бисера.
Исто така во овој осврт ќе ги прескокнеме и изјавите на премиерот Ковачевски, полни со лажни и штелувани податоци кои едвај беа прочитани. Се разбира ова е голем плус за Премиерот, бидејќи согласно последните истражувања сé поголем број на основци имаат проблеми при читањето, па со своите вештини за читање Премиерот предизвикува смеа и позитивни чувства кај основците согласно со „препораките“ на Бисера. Со ова и развеселените основци кои имаат потешкотии при читањето ќе може да се надеваат дека еден ден ќе застанат на чело на државата.
Покрај овие две несреќи, кои како подобни „незналици“ дотуркале до позициите на кои се наоѓаат и за наша несреќа нас нẻ водат, успешно плива и магистерот по туризам Васко Ковачевски, компулзивен лажго кој залутал во енергетиката и за несреќа на сите нас ја води најголемата енергетска компанија АД ЕСМ.
За уште поголема наша несреќа, оваа „несреќа“ ја води компанијата ЕСМ во тешки времиња со големи светски поместувања: пандемија, војна, санкции, инфлација, пазарни потреси, кризи за храна итн.
За разлика од првите двајца кои предизвикуваат смеа кај децата, овој последниов ќе предизвика сериозни грижи и плач кај возрасните, затоа ќе се задржиме на него и неговите изјави.
Васко Ковачевски предизвикува моментален плач кај возрасните кои го прочитале и не му веруваат. А допрва ќе предизвика плач кај сите останати вклучувајќи ги и неговите сопартијци кога ќе дојде зимата и кога ќе биде прекасно за оние кои му веруваат денес.
Затоа ќе се обидеме во кратки црти да го разобличиме Васко Ковачевски и неговите последни изјави. Ќе ги прескокнеме неговите фалби за зголеменото производство на ЕСМ во однос на лани од едноставна причина:
И лани истиот тој Васко беше директор на ЕСМ и го допре дното во производството на електрична енергија во Македонија. Ако производството лани беше на 50 % од просекот во изминатите 10 години тогаш јасно ви е за каков пораст од 20 % говори Ковачевски.
Згора на сẻ, ова збирно производство на ЕСМ е со увезен јаглен и со вкалкулирано производство на ТЕЦ Неготино која во изминатите 10 години никогаш не работеше. Ако се исклучат од пресметките ТЕЦ Неготино и увезениот јаглен, годинашното производство го проби и дното кое во 2021 го постави самиот Ковачевски.
Сепак колку и да е страшно сето ова, не е најстрашното. Најстрашното допрва нẻ очекува.
Во моментов АД ЕСМ се наоѓа во најлоша кондиција откако постои. За да ви го објасниме ова ќе го сведеме на наједноставни работи за лесно да сватат и основците и лаиците.
Согласно плановите за производство на компанијата за да се пречека успешно секоја зима и за да има доволно електрична енергија потребни се неколку работи:
Во лето се прават ремонти на термоелектраните за да бидат спремни за зимата.
Во лето се копа и се складира јаглен на депонија за да се користи во зима.
Во лето се прави таканаречена „откривка на јаглен“ (јагленов слој исчистен од јаловина и земја) за да може во зима јагленот да се копа непречено.
Во лето се собира и се чува водата во акумулациите за да се користи во зимата.
При крајот на месец Август се сумираат сите овие резултати и според тоа може да се процени како ќе се пречека зимата.
За да ви претставиме пластично ќе ја споредиме моменталната состојба на сите горенаведени точки со просеците во месец Август во изминатите години:
Ова лето нема да се прават ремонти на термоелектраните, а фали и еден трансформатор на еден блок во РЕК Битола кој „случајно“ експлодираше и сеуште не е поправен (се очекува дури во ноември да стигне новиот-се разбира ако не е нова лага на Васко Ковачевски).
Моментално складираниот јаглен е многу помалку од 100 000 тони колку што кажува Ковачевски, но еве и слепо да му веруваме нему, сепак тоа претставува само 25% од потребните 400 000 тони согласно плановите за ископ и поранешната пракса.
Моменталната откривка на јаглен е околу 200 000 тони што изнесува само 20 % од потребните 1 000 000 тони откривка на јагленов слој за да може во зима јагленот да се копа непречено.
Моменталната состојба на акумулациите на АД ЕСМ е околу 40 % од максимумот или 220 000 MWh, просечно во Август состојбата на акумулациите треба да се движи околу 80 % или некаде околу 440 000 акумулирани МWh енергија .
Дополнително на ова Ковачевски ја замајува јавноста дека ќе увезе јаглен. За да ви објасниме како бессрамно лаже доволно е да знаете дека:
Динамиката на увоз на јаглен со сите тендери на ЕСМ е околу 30 000 тони месечно.
Трите блока на РЕК Битола трошат 20 000 тони јаглен дневно.
Значи Ковачевски за еден месец ќе увезе јаглен со кој РЕК Битола ќе работи ден и пол .
Пресметано за наредни 6 месеци ќе се увезе јаглен за 10 дена работа на РЕК Битола.
Да сумираме за појасно:
РЕК Битола ќе добие увозен јаглен за 10 дена работа.
РЕК Битола има складиран јаглен за 5 дена работа на сите три блока.
РЕК Битола има откривка на јаглен за 10 дена работа на сите три блока.
Собрано сето ова значи дека во најдобар случај сме обезбедени за 25 дена работа на РЕК Битола.
И најголемите лаици знаат дека зимата трае 3 месеци (90 дена), а грејната сезона трае 6 месеци (180 дена).
Акумулацијата од 200 000 MWh е доволна за балансирање и за пиково порамнување на кривата на производство и потрошувачка за максимум 2 месеци оптимистички сметајќи од септември.
Ако се има предвид сето ова наредната зима со постоечките берзански цени ќе ни фали електрична енергија од најмалку 200 милиони евра, а ако цените ги следат фјучерсите на западноевропските берзи кои достигнаа 1 000 евра за банд и 2 000 евра за пикова енергија, сумата која ќе биде потребна за да се преживее зимата ќе надмине 1 милијарда евра.
Ковачевски ја донесе на колена АД ЕСМ ја ограби и ја уништи на финансиски и производствен план, со ова ги оштети сите граѓани на државата имајќи предвид дека компанијата е нивна сопственост.
Не би сакале никого да заплашуваме, но сепак да не биде дека никој не му кажал на народот и не го предупредил. Поради нашите најблиски, најмалку што можеме да сториме е да се сомневаме во изјавите дека државата ќе биде „обезбедена со струја“ јаглен, мазут и гас за наредната зима.
Ако гледате кој сé ни ја води државата и кој сé управува со енергетските компании и ако му верувате тогаш во ред, ваш проблем. Доколку сепак малку се сомневате во изјавите на горенаведените ликови избегани од цртаните филмови спремајте се за долга, тешка, ладна и мрачна зима. Набавете батерии, свеќи, ќумбиња, дрва, плински греалки, нови ќебиња, извадете ги старите јамболии од подрумите и сите молете се Господ да ни е напомош!!!
Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ“