сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не знае, ни каде оди, ни каде тера со даночната политика!

Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ не знае, ни каде оди, ни каде тера со даночната политика!

Владата на СДСМ не знае, ни каде оди, ни каде тера со даночната политика, велат од Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на СДСМ на почетокот на 2019 година ненајавено и без претходни посериозни консултации со приватниот сектор ја промени даночната политика со што ги зголеми даноците. Тоа сериозно ја наруши деловната стабилност и сигурност на компаниите, и истовремено имаше значителни негативен ефекти врз ИТ секторот и младите претприемачи, потенцираат од Комисијата и додаваат:

„Денес во услови кога не постои јасен став и усогласеност во Владата на Заев дали и кога ќе се зголемат данокот на штедни влогови и данокот на капитална добивка, гледаме како новата Министерка за финансии Ангеловска популистички ја промовира мерката даночен календар со која наводно ќе ја зголеми деловната предвидливост. Уште една мерка без позначаен ефект, наспроти негативните последици од несоодветните даночни политики кои се одразуваат на целата економија“.