понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Комисија за економија: Се влошува извозната конкурентност на македонската економија!

Комисија за економија: Се влошува извозната конкурентност на македонската економија!

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека јазот во нето-извозот се продлабочува што е потврда дека се влошува извозната конкурентност на македонската економија, велат од Комисијата за економија на ВМРО- ДПМНЕ.

-Имено, извозот во третиот квартал од 2019 година се зголемил за 8.4%, додека истовремено увозот пораснал за 10.9%. Ваквата негативна тенденција предизвика продлабочување на јазот во нето-извозот (трговскиот дефицит) од 189 милиони евра во третиот квартал од 2018 година на 253 милиони евра во третиот квартал од 2019 година или за цели 34%.
Ова е потврда дека оваа Влада на СДСМ и Заев ја водат економијата во непосакувана насока. На 12 Април овие погрешни економски политики ќе бидат казнети од граѓаните и ќе дојде обнова на македонската економија базирана на нов економски концпет и вистински развојни политики.