Неизбежната пропаст на ЕЛЕМ
Пред пет години кога СДС дојде на власт во „нашата земја“ никој не можеше да поверува дека државата ќе се врати назад 30 години во сите сегменти на општеството. Во областа на енергетиката, никој не предвидуваше дека ќе се вратиме назад во 80-тите години, во периодите на недостатоци и рестрикции на електрична енергија.Граѓаните денес се наоѓаат среде енергетска криза, исправени пред можните рестрикции на електрична енергија, ги очекува студена зима и поскапување на електричната енергија. Пред само две години граѓаните наивно ги оставија шпоретите на дрва на Дрисла со желба да живеат во некаков модерен холивудски филм. Скапиот филм беше платен со 10 милиони евра од касата на ЕЛЕМ, кои се потрошија за инвертори за греење. Се разбира, инверторите зимава нема да работат ако нема електрична енергија.
Можеби на некој ќе му текне да земе уште 10 милиони евра од контото на ЕЛЕМ и да направи нова акција „Врати го инверторот земи шпорет на дрва“. Да не беше тажно, ќе беше смешно. На јавноста ú се продава филм за транзиција на производството на електрична енергија.
Последните случувања во енергетиката покажаа дека и далеку посилни држави нема да можат толку лесно да ја спроведат посакуваната транзиција и да се откажат од јагленот, стои во Фејсбук статусот на Комисии на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение може да го прочитате целосната објава: