Сопственикот на Еуростандард банка Трифун Костоски, во вечерашната емисија Само интервју а Канал 5, вели дека стечајот бил припреман подолг период како и дека Народната банка не ги употребила сите алатки за рестартирање на банката да се стабилизира.
Ако некој беше изненаден првенствено ние бевме изненадени, а потоа и штедачите заедно со нас, бидејќи повеќе од јасно е дека стечајот бил припреман подолг период на банката да оди во стечај, па можеби и година дена, вели Костовски.
-Објективно гледајте кога ќе влезете во операциона сала вие имате од игла и конец до скалпер, значи имате многу алатки, но треба пациентот да го оставите жив. Исто така и НБРМ има алатки како да ја стабилизира банката бидејќи основната дејност на НБРМ е да го регулира банкарскиот систем во земјата. Тоа се редовни мерки, вонредни мерки, администрација и стечај. Редовните мерки ги почитуваа, вонредните мерки никој пат не ги почитуваа, не казнија ниту еден Управен одбор, не казнија ниту некој член од Надзорниот одбор или колективно целиот надзорниот одбор, не казнија одредени служби, значи не преземаа никакви додатни вонредни мерки, не наговестуваат такво нешто. И сега доаѓа трето, доколку првата и втората алатка не биле испочитувани, тогаш доаѓаа администрација која што трае од прилика година дена и таа година дена ќе се види дали банката ќе успее да се рестартира да биде повторно банка или оди во стечај. Овие две алатки, значи кога говориме за четири, првата и последната се употребени, втората и третата како да не постојат, објаснува Костовски.
Костовски додаде дека целата постапка околу затворањето на Еуростандард банка е заговор, посочувајќи дека ќе биде упорен да дознаае кој стои зад тоа.
-Таа нетрпеливост која што јас ја почувствував дали кон семејството, или дали кон Еуростандард банка не можам да сфатам што е, но дефинитивно тука се работи за заговор. Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознам, рече Костовски.