сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Лазаров: Лошите економски политики го забрзаа падот на економијата

Лазаров: Лошите економски политики го забрзаа падот на економијата

Изјава во вестите на Алфа за тековната состојба и ветувањата во делот на СДИ.

Неколку клучни поенти:

1️⃣ Во вториот квартал од 2020 година има нето-одлив на СДИ од земјата во износ од 9.3 милиони евра што значи дека постоечките странски компании повлекуваат дел од својот капитал во нивните матични земји, но и дека истовремено нема нови инвестиции/инвеститори во земјата. Тоа не е резултат само на кризата, туку многу повеќе на погрешните економски политики во изминатиот период.

2️⃣ Најголем дел од СДИ во последните 3 години се резултат на реинвестирање на добивката од страна на постоечките компании кои се дојдени во земјата пред 2017 година, а не резултат на нови инвестиции кои што на големо беа најавувани и ветувани. Само како потврда на оваа констатација е фактот дека во првите 6 месеци од 2020 година над 80% од СДИ се резултат на реинвестирана добивка на постоечките странски компании.

3️⃣ Новите ветувања на старо-новата влада во делот на СДИ се паушални и извадени од ракав, без конкретен концепт и стратегија како истите ќе се остварат. Во изминатиот период бевме сведоци на напуштање на претходниот успешен модел за привлекување на СДИ развиен од претходната влада, но без истовремено да се понуди соодветна алетарнатива на тој модел. Тоа беше главната причина поради која Македонија ја загуби конкурентската позицијата во однос на останатите земји од регионот и причина зошто сериозно забавивме во привлекувањето на СДИ.