четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Лажни ветувања за нови странски инвестиции, наспроти суровата реалност дека Македонија станува најнеповолна дестинација за СДИ во регионот“

„Лажни ветувања за нови странски инвестиции, наспроти суровата реалност дека Македонија станува најнеповолна дестинација за СДИ во регионот“

Повторно лажни ветувања за нови странски инвестиции, наспроти суровата реалност дека Македонија станува најнеповолна дестинација за СДИ во регионот!
Директорот на ТИРЗ најавува нови странски инвестиции, нови работни места, раст на платите во ТИРЗ зоните, и сето тоа само едни ветувања кои наликуваат на оние во изминатите четири години кога Заев ги најавуваше Гугл и Фејзбук, најавите дека во првите три месеци од новата влада ќе влезат големи инвестиции како што се ИКЕА и Блекстоун.
Но, ајде да ја видиме реалноста.
Во 2020 годима Република Македонија имаше најнизок прилив на СДИ како % од БДП споредено со сите земји од регионот. За илустрација, Република Македонија има 1.9% прилив на СДИ во 2020 година, додека истовремено Србија забележала 4.8%, Албанија 5.7%, а Црна Гора дури 11%.
Она што е позагрижувачки е фактот што очекувањата за 2021 година се исто така неповолни. Имено, Светска Банка предвидува прилив на СДИ од 2.6% во Република Македонија, наспроти Србија каде се прогнозира 5%, Албанија 6.2%, додека Црна Гора 8.2% прилив на СДИ како процент од БДП.
За поразителната состојба со СДИ потврда е фактот што Македонија од најатрактивна дестинација за странски инвестиции во регионот пред само неколку години, денес поради корупцијата и криминалот, невладеењето на правото и тотално незаинтересирана Влада за привлекување СДИ, станува најнеповолна локација за странските инвеститори.
Косово (4%) и Босна и Херцеговина (2.1%) се земји кои во 2020 година имале поголем прилив на СДИ од Македонија (1.9%), но истовремено според проекциите на Светска Банка ќе имаат поголем прилив на СДИ ѝ во 2021 година.

Фејсбук статус на Комисија за економија на ВМРО-ДПМНЕ