среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Лидл за 5,2 милиони евра купи земјиште за логистички центар во Куманово

Лидл за 5,2 милиони евра купи земјиште за логистички центар во Куманово

Општина Куманово спроведе постапка за отуѓување на градежно земјиште во сопстевеност по пат на електронско јавно наддавње, со намена Г4-стоваришта и складови на локација во новата индустриска развојна зона во Горно Коњаре. На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании, а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата ДТМ ЛИДЛ Македонија ДООЕЛ, со седиште во Скопје.

Најповолната понуда изнесува 1.906 денари за 1м2, или вкупно за 170.996м2 (~17ха), и истата изнесува 325.920.015,00 денари (~5,3 милиони евра).

Во наредниот период следува завршување на административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач по што ќе следува инвестиција од нивна страна, соопшти Општина Куманово.