недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Македонија со пад од 15 места во инвестициите според индексот на „Financial Тimes“

Македонија со пад од 15 места во инвестициите според индексот на „Financial Тimes“

Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд  инвестициите ФДИ за 2019.

Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пад за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните но и надвор од нив.

За илустрација во 2016 година бевме на високото 3-то место за само 2 годни подоцна да доживееме пад од 15 места и сега сме на 18-то место.

Странски инвестиции во Македонија нема, она што се прикажува како инвестиции од странски фирми е реинвестираната добивка на претпријатијата кои дојдоа во времето кога ВМРО ДПМНЕ беше на власт.

Оттука се поставува прашањето каде се тие милијарди евра странски инвестиции кои СДСМ, Зоран Заев и директорот на ТИРЗ Александар Младеновски ни ги ветуваат 3 години?