четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Македонската економија наместо да се опоравува од кризата, уште повеќе тоне!“

„Македонската економија наместо да се опоравува од кризата, уште повеќе тоне!“

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА НАМЕСТО ДА СЕ ОПОРАВУВА ОД КРИЗАТА, УШТЕ ПОВЕЌЕ ТОНЕ! Заев и СДСМ се обидуваат да прикажат во јавноста дека економијата е стабилна и дека се опоравува од кризата со презентирање на податоци дека расте извозот во првите пет месеци и дека е остварена рекордна економска активност на ТИР зоните во првите шест месеци од 2021 година, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, ајде да ја видиме вистината и реалноста со која се соочува нашата економија со погрешните економски политики на Заев и СДСМ.
Во првите пет месеци од годината извозот бележи зголемување за 866 милиони евра, но истовремено вредноста на увозот бележи зголемување за 1.086 милиони евра, споредено со истиот период лани.
Ова значи дека трговскиот дефицит бележи раст за цели 28% или во апсолутен износ тоа зголемување е за цели 220 милиони евра.
Имено, трговскиот дефицит или дефицитот во нето-извозот во првите пет месеци од 2021 година веќе достигна 1 милијарда евра, што значи дека увозот е поголем од извозот за повеќе од 1 милијардна евра.
Оваа 1 милијарда евра трговски дефицит се покрива преку задолжување на држвата, задолжувања на граѓаните и задолжувања на приватниот сектор. Тоа е најдобар показател дека економскиот модел е неодржлив и дека државата, приватниот сектор и граѓаните со оваа Влада на СДСМ стануваат се’ посиромашни и позадолжени.
Дополнително, потврта за лошите економски перформанси во 2021 година е фактот што нето-извозот од ТИРЗ во првите шест месеци од 2021 година бележи пад за цели 96%.
Имено, нето-извозот од ТИРЗ во првото полугодие од 2021 година изнесува скромни 4 милиони евра, додека вредноста на нето-извозот во истиот период лани изнесувал 104 милиони евра.