„Македонски железници транспорт“ е државна компанија со најголема загуба.
„Македонски железници транспорт“ лани заврши со загуба од речиси 8 милиони евра, а претходната година беше во минус од 8,2 милиони евра, пренесе Фактор.
Застрашувачки е тоа што оваа државна компанија, единствена од својот вид во земјава, има акумулирана загуба од 70,7 милиони евра и вкупни обврски кои достигнуваат 90 милиони евра.