Во СВР Охрид вчера околу 13.30 часот е добиено телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу Лабино и Канео во Охрид.
Езерската полиција со пловен објект пристигнала не местото при што констатирала дека се работи за Д.А.(57) од Охрид.
Тој е пренесен до месноста Грашница од каде што со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.