вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Министерството за финансии планира да потроши скоро 5.000 евра за миење на службени возила

Министерството за финансии планира да потроши скоро 5.000 евра за миење на службени возила

Министерството за финансии планира да потроши 300.000 илјади денари за миење на службени возила. Овој износ претворен во евра изнесува 4.874 илјади евра.

Имено, на официјлната страна на Јавни набавки стои оглас во кој под назив на договорниот орган е Министерството за финансии – Управа за јавни приходи додека предмет на договорот за јавна набавка е  – миење на службени возила.

Ваквото расипничко однесување со парите на граѓаните не е прв пат од страна на државните институции.

Во јавноста излегоа голем број на информации дека министерствата  и институциите во државата секојдневно трошат огромни суми на пари за сопствен луксуз односно станува збор  за  непродуктивни трошења .

Исто така сомнителни се огромните суми на пари кои се трошат за обични услуги.