вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Намален бројот на работници во индустријата

Намален бројот на работници во индустријата

Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е намален за 0,6 проценти, а за 1,7 проценти во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од 2021 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи опаѓање од 2,5 проценти, во Преработувачка индустрија од 0,4 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,4 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,5 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6 проценти, Капитални производи за 4 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 проценти.