петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Нарачки преку социјални мрежи кај 13,4 проценти од фирмите со е-продажба

Нарачки преку социјални мрежи кај 13,4 проценти од фирмите со е-продажба

Над 13 проценти од деловните субјекти со е-продажба во државава годинава примиле нарачки преку социјални мрежи, а нарачки за стоки и услуги преку веб продажба  12,3 проценти од фирмите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, годинава 99,1  процент  од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа. Од деловните субјекти кои користат компјутер, пристап до интернет имале 95,1 процент, а пристап преку фиксна конекција 89 проценти од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.