петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Народна банка: Солидна кредитна поддршка на приватниот сектор во првото полугодие, особено на корпоративниот сектор

Народна банка: Солидна кредитна поддршка на приватниот сектор во првото полугодие, особено на корпоративниот сектор

Солидниот раст на кредитирањето на приватниот сектор на економијата од страна на банките продолжи и во јуни, со месечна стапка од 1% и годишен раст од 10%, што е над очекувањата со последните проекции на Народната банка. Растот на кредитирањето на корпоративниот сектор продолжи да забрзува и достигна 12,4% на годишна основа, со што се обезбедува значајна финансиска поддршка на реалниот сектор. Натамошен солиден раст од 7,7% бележат и кредитите одобрени на домаќинствата, информираат од Народна банка.

Во овој период биле задржани поволните каматни стапки на кредитите. Со податоците за мај, просечната камата за кредитирање на корпоративниот сектор изнесува 3,43%, додека за домаќинствата 5,06%.

– Раст бележи и депозитниот потенцијал на банките. Вкупните депозити на приватниот сектор во јуни се повисоки за 0,4% во споредба со мај, а нивното ниво е за 1,8% зголемено на годишна основа. Притоа, растот на депозитите на домаќинствата забрза и достигна 1% на месечна основа, односно 5,2% на годишна основа, се додава во соопштението на Народна банка.