Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите, што ќе се одржи на 15 јуни годинава. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 1 јуни 2023 година.
-Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето, соопшти НБ.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер. (МИА)