вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Не може да се подигнуваат пари од банкомат и да се плаќа со VISA и MasterCard, ова се деталите

Не може да се подигнуваат пари од банкомат и да се плаќа со VISA и MasterCard, ова се деталите

Македонската банкарска асоцијација во име на своите членки информира дека дел од услугите на нивните членки, поврзани со картичните брендови VISA и MasterCard се недостапни – на банкомат или во трговија.

Како и досега, средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали.

-Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација. Се надеваме на брзо нормализирање на сервисите, велат од МБА.